Регион

ПРВИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН: Албански оператор ќе ја тестира сателитската технологија на Илон Маск

One Albania доби дозвола за 120-дневно тестирање на сателитската технологија Direct-to-Device на SpaceX, со директно поврзување на компатибилни телефони.

ПРВИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН: Албански оператор ќе ја тестира сателитската технологија на Илон Маск

Албанскиот телекомуникациски оператор One Albania доби официјално одобрение од Агенцијата за електронски и поштенски комуникации (AKEP) за тестирање на технологијата Direct-to-Device (D2D), во партнерство со компанијата SpaceX. Со ова, One Albania станува првиот оператор во Западен Балкан кој добива дозвола за тестирање на технологија што овозможува директно поврзување на мобилните телефони со сателитска мрежа. Одобрението е со важност од 120 дена и претставува чекор кон интеграција на копнените мобилни и сателитските комуникации.

Телефоните ќе се поврзуваат директно со сателити

Во текот на тестирањето, сателитите на SpaceX ќе користат дел од радиофреквенцискиот спектар за кој One Albania поседува лиценца. Целта е да се воспостави директна комуникација со компатибилни мобилни уреди, без потреба од дополнителна сателитска опрема. Ова би можело да овозможи мобилна поврзаност и во области каде што нема достапна традиционална телекомуникациска инфраструктура.

Нов чекор во развојот на телекомуникациите

Главната предност на технологијата Direct-to-Device е тоа што стандардните компатибилни мобилни телефони можат директно да комуницираат со сателити во орбитата. На тој начин се отвора можност за проширување на покриеноста и подобрување на комуникациските услуги, особено во тешко достапни и рурални подрачја.

Жан Митрев