Спорт
Дознај прв
ПРВПАТ ВО ЕВРОПА: Љубљана тестира трамвај без шини долг 30 метри
Љубљана е првиот град во ЕУ што тестира кинески електричен трамвај без шини, долг 30,2 метри и со капацитет од околу 250 патници.

Љубљана започна со тестирање на електрично возило без шини, произведено од кинеската компанија CRRC, кое може да превезува околу 250 патници. Станува збор за двозглобно возило долго 30,2 метри, познато како „трамвај на батерии“, кое технички припаѓа на системот за брз автобуски превоз BRT. Според објавените информации, ова е прво тестирање на вакво возило од овој тип во Европската Унија во реални сообраќајни услови. За разлика од класичните трамваи, не користи шини, туку се движи на гумени тркала по постојната патна мрежа. Тестирањето започна на 16 ноември и се очекува да трае околу еден месец.
Трамвај со камери, сензори и навигација коу го следат движењето
Возилото користи камери, сензори, ЛИДАР-технологија и сателитска навигација за движење по однапред утврдена виртуелна патека. Иако системот овозможува автоматско насочување, за време на тестирањето управувањето ќе биде во рацете на специјално обучен возач, кој претходно поминал обука во Кина. Во првите две недели возилото ќе се тестира без патници, со цел да се проверат маневрирањето, карактеристиките при возење и вклопувањето во редовниот сообраќај. Во втората фаза се планирани пробни возења со патници, во периоди кога сообраќајот е помалку фреквентен.

Алтернатива на класичниот трамвај и метрото?
Предвидената рута се протега од Барјанска цеста, преку Словенска, Дунавска и Линхартова цеста, до гробиштата Жалe. Избрана е поради подолгите делници со посебни ленти за јавен превоз и соодветна патна инфраструктура. Од градскиот превозник LPP и градските власти сакаат да ги испитаат можностите за воведување BRT-систем, кој би можел да се воспостави побрзо и со помали инфраструктурни инвестиции од класичен трамвај или метро. Засега нема донесено одлука за купување на возилото.


