Свет
Дознај прв
РУСКИ ДРОНОВИ УБИЈА 37 ЛУЃЕ ВО БУЧА: Експлозиите уништија десетици домови, евакуирани и деца
Најмалку 37 луѓе загинаа, а 42 се повредени во руски напад со дронови во Буча, при што се оштетени најмалку 50 станбени згради.

Најмалку 37 луѓе загинаа, а 42 се повредени во синоќешниот руски напад врз округот Буча во Киевската област, соопшти шефот на регионалната воена управа Тимур Ткаченко. Руски дрон околу 20 часот погодил складиште за муниција во селото Мили, на околу пет километри западно од Киев, по што избувнал пожар и следувале силни детонации. Огнот се проширил и на околните станбени објекти, при што се оштетени најмалку 50 згради. Од погоденото подрачје биле евакуирани 281 лице, меѓу кои 59 деца.
Спасувачите трагаат по преживеани
Спасувачките екипи продолжиле со интервенциите и утрово, гаснејќи ги пожарите, расчистувајќи ги урнатините и трагајќи по евентуални преживеани. Разорните детонации предизвикале голема материјална штета во околината и дополнително го отежнале спасувањето.
Истрага и за складирањето на муницијата
Украинското државно обвинителство отвори истрага и за можната небрежност при складирањето на експлозивните материјали, односно дали биле почитувани прописите и дали биле обезбедени потребните дозволи. Претседателот Володимир Зеленски и премиерот Сергеј Коретски побараа одговорност од оние кои дозволиле складиште со оружје да се наоѓа во близина на станбени објекти. Коретски случајот го оцени како „кривична небрежност“ и побара строга казна за одговорните. Од руското Министерство за одбрана, пак, соопштија дека во Киевската област бил погоден логистички центар каде се складирале компоненти за украински балистички ракети.
