Дознај прв
СО ПАРТНЕРСКА СОРАБОТКА ДО ПОБРЗА ЕНЕРГЕТСКА ОБНОВА НА ЈАВНИТЕ ОБЈЕКТИ
Министерството за енергетика со меѓународни партнери ја унапредува соработката за реконструкција на јавните објекти и намалување на потрошувачката на енергија до 2028 година.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси.
Партнерска средба во рамки на проектот PIONEER-MK
Во рамки на проектот PIONEER-MK, поддржан од програмата REEB Cool, во Министерството се одржа партнерски состанок со претставници на Француската агенција за развој (AFD), Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на претседателот на Владата. На средбата се разгледуваа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката меѓу институциите и меѓународните партнери.
План за реконструкција до 2028 година
Соработката е насочена кон спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година. Енергетската обнова треба да придонесе за пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и подобрена јавна инфраструктура. Од Министерството посочуваат дека усогласеното дејствување на домашните институции и меѓународните партнери ќе помогне во спроведувањето мерки за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови. Министерството најавува продолжување на соработката со националните и меѓународните институции за исполнување на реформските приоритети и целите за енергетска ефикасност и зелена транзиција.