Македонија
Дознај прв
Сончево и топло, но попладне невреме: Температурите до 35 степени, можен и град
Сончево и топло време со температури до 35 степени, но попладне се очекуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, но во попладневните часови се очекува нестабилност на повеќе места во земјава.
Попладне можни пороен дожд и грмежи
Попладне ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите може да бидат поинтензивни и проследени со појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 26 до 35 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните и централните делови од земјата.
И во Скопје можни краткотрајни невремени процеси
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во делови од котлината попладне постои можност за краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер и грмежи. Можно е и локално да се појави град. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 34 степени. УВ индексот ќе биде 6, а влажноста околу 25 проценти.
