Македонија
Дознај прв
СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ОД „ТИГАР“ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ: Македонскиот тим на снајперисти деветти на „БОРАН 8“
Снајперските тимови на САЕ „Тигар“ освоија деветто место меѓу 48 екипи од 22 држави на натпреварот „БОРАН 8“ во Турција и признание за фер-плеј.

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави
Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ освоија деветто место на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, кој се одржа во Турција. Во натпреварувањето учествуваа 48 тимови од 22 држави, а првите седум места ги освоија тимови од Турција, додека осми беше тимот од Азербејџан. Македонските специјалци со резултатот покажаа дека можат рамноправно да се натпреваруваат со елитни тимови од повеќе земји.
„ТИГАР“ освоија и признание за спортски дух
Особено добар резултат тимот постигна во дисциплината пиштолско гаѓање, со освоени 2.098 поени, значително над просекот на натпреварувањето од 1.173 поени. Покрај пласманот, македонските специјалци беа избрани меѓу трите најдобри тимови во категоријата „фер-плеј“, за професионалниот однос и спортскиот дух. Со постигнатите резултати и коректното однесување кон другите учесници, припадниците на „Тигар“ достојно ја претставија Македонија на меѓународната сцена.
