Хроника

СРБИН СО 3.000 ЕВРА КАЗНА: Двапати возел повеќе од двојно над дозволеното во Македонија

Српски државјанин доби две казни од по 1.500 евра откако двапати бил фатен како вози со над 160 км/ч на автопатот А1.

СРБИН СО 3.000 ЕВРА КАЗНА: Двапати возел повеќе од двојно над дозволеното во Македонија

Српскиот државјанин Д.П. (34) доби две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „Безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци. Тој бил приведен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека во текот на летото двапати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

Србинот возел со 163 и 169 километри на час

Според податоците од системот „Безбеден град“, на 22 јули на автопатот А1 кај Демир Капија тој возел со 163 километри на час, на делница каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. На истата делница, на 20 август повторно бил снимен со брзина од 169 километри на час.

Уапсен при излез од Македонија

Полицијата го лишила од слобода на излез од државата, при проверка на автомобил „Шкода“ со српски регистарски ознаки. Д.П. бил спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка.