Регион
Дознај прв
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОБЕДИ ВО СРБИЈА: Освои над 52 % од гласовите, а „Обединета Србија“ 39,29 %
Студентската листа освои 52,54 отсто од гласовите во Србија, наспроти 39,29 отсто за „Обединета Србија“

РИК обработи повеќе од 8.000 избирачки места
Републичката изборна комисија (РИК) денеска ги објави резултатите од парламентарните избори, врз основа на податоци од 8.077 обработени избирачки места. Според овие резултати, листата „Студентска листа“ освоила 2.211.400 гласови – односно 52,54 отсто – додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 1.653.868 гласови, што изнесува 39,29 отсто.
Листата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ освоила 91.673 гласови, односно 2,18 отсто.
Голема предност пред ривалската листа
Сите останати листи добиле помалку од еден отсто од гласовите.
Според овие податоци, на изборите гласале 4.211.957 гласачи, што претставува излезност од 68,78 отсто.
