Скопје

СУДБОНОСНО „ДА“ ПРЕД ТРГНУВАЊЕТО КОН КРУШЕВО: Запросување на Илинденскиот коњички марш во Горно Лисиче

Емотивен момент го одбележа почетокот на Илинденскиот коњички марш во Горно Лисиче, каде што пред присутните падна запросување.

СУДБОНОСНО „ДА“ ПРЕД ТРГНУВАЊЕТО КОН КРУШЕВО: Запросување на Илинденскиот коњички марш во Горно Лисиче

 Запросување на Илинденскиот коњички марш во Горно Лисиче

Емотивен момент го одбележа почетокот на Илинденскиот коњички марш во Горно Лисиче, каде што пред присутните падна запросување. Судбоносното „да“ беше кажано пред коњаниците да тргнат на пат кон Крушево. Романтичниот момент беше поздравен со аплауз и радост од присутните граѓани и учесниците на маршот. Веднаш потоа, коњаницата со македонски знамиња го започна повеќедневниот пат во чест на Илинден. Традиционалниот марш започна од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Со коњи, знамиња и гордо кренати глави, учесниците продолжуваат кон Крушево, каде што ќе се приклучат на илинденското чествување. Оваа година традицијата започна со посебна љубовна приказна која ќе остане запаметена.