Регион
Дознај прв
ТЕЛЕФОНИТЕ ПОД КЛУЧ ВО УЧИЛИШТАТА: Нови правила за учениците во Бања Лука

Основците во Бања Лука од денеска на часовите ќе бидат без мобилни телефони. Уредите пред почетокот на наставата ќе се оставаат во посебни шкафчиња, а учениците ќе ги земаат по завршувањето на часовите. Целта е да се намалат одвлекувањата и учениците да бидат повеќе фокусирани на наставата, но и да поминуваат повеќе време во директна комуникација со своите врсници.
Покрај ограничувањето на телефоните, во училиштата ќе има и полици со книги, а учениците ќе добијат и нови училишни униформи со мотиви инспирирани од традиционалниот змијански вез. Предвидени се и здрави ужинки, чии трошоци во најголем дел ќе ги покрива Град Бања Лука. Градоначалникот Драшко Станивуковиќ ги повика и родителите да користат апликација за заштита на децата од несоодветни содржини на интернет.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
