Македонија

Мухамеди: „Лошиот” Груевски воведе надоместок од 8.000 денари месечно за трето дете, а „паметната” Мила Царовска го укина тоа – после зошто нема новороденчиња?

Мухамеди: „Лошиот” Груевски воведе надоместок од 8.000 денари месечно за трето дете, а „паметната” Мила Царовска го укина тоа – после зошто нема новороденчиња?

Младиот адвокат и политички аналитичар Умејр Мухамеди се осврна на државните мерки за зголемување на наталитетот, па потсети дека Владата на СДСМ укина една од мерките на Груевски. Во објава на Фејсбук, тој потсетува на надоместокот за трето дете и вели: „Лошиот“ Груевски воведе надоместок од 8.000 денари месечно за трето дете, за да дојде „паметната“ Мила Царовска и да го укине тоа.

„И сега зошто нема новороденчиња? Па, не е поентата само да раѓаат, туку и да растат тие деца во хумани услови“, пишува Мухамеди. Според него, без финансиска поддршка од државата, тоа е невозможно со платите и трошоците за живот. „Без финансиска поддршка од државата тоа е невозможно со овие плати“, додава @umejrmuamedi.

Неговиот став предизвика реакции на социјалните мрежи, особено во делот за мерките што државата ги презема за поддршка на семејствата и зголемување на наталитетот. Погледнете повеќе.