Македонија

АКЦИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Полицијата извади 4 километри мрежи и над 116 килограми охридска белвица

Полицијата пронајде 20 рибарски мрежи долги околу 4 километри и 872 парчиња охридска белвица тешки 116,9 килограми.

АКЦИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Полицијата извади 4 километри мрежи и над 116 килограми охридска белвица

Имало 872 парчиња охридска белвица

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при акциска контрола откриле голем број рибарски мрежи и незаконски улов. На потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда биле пронајдени 20 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од околу 4.000 метри. Во мрежите имало и 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми.

Акцијата спроведена против незаконски риболов

Мрежите и уловот биле откриени во рамки на акциска контрола насочена кон спречување на кривичното дело „незаконит риболов“. По насоки на јавен обвинител, полицајците ги подигнале пронајдените мрежи и уловот. За случајот бил известен и надлежниот инспекторат за рибарство.

Ќе продолжат засилените контроли

Од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ најавија дека контролите ќе продолжат и во наредниот период. Целта е да се спречи незаконскиот риболов и да се заштити рибниот фонд во Охридското Езеро.