Македонија

(ВИДЕО) ЕЖЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ: Хозе Карерас со македонските пејачи ја запеа „Едно име имаме“

Хозе Карерас и најдобрите македонски пејачи ја запеаја „Едно име имаме“ пред десетици илјади граѓани на Плоштад Македонија.

(ВИДЕО) ЕЖЕЊЕ НА ПЛОШТАДОТ: Хозе Карерас со македонските пејачи ја запеа „Едно име имаме“

Скопје синоќа беше претворено во голема музичка сцена, каде десетици илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста на Македонија. На Плоштад Македонија настапи светската оперска легенда Хозе Карерас, заедно со Македонската филхармонија и голем број познати македонски музички имиња.

Хозе Карерас заедно со најдобрите македонски музички имиња

На сцената настапија Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски и Дешира Амети-Крлиу. Особено емотивен беше настапот на Карерас со Калиопи, кога заедно ја изведоа „Moon River“, пред публиката која ги награди со огромен аплауз.

Целиот плоштад запеа во еден глас

Вечерта кулминираше со заедничката изведба на „Едно име имаме“, во која на сцената му се придружија сите учесници на концертот, а песната ја запеа и илјадната публика. Моментот создаде неверојатна атмосфера и го претвори Плоштад Македонија во една голема сцена. Музиката ги обедини сите генерации во еден глас, а настапот на Карерас остави посебен белег на прославата на 35 години независност.