Економија

ЗАПЛЕНЕТИТЕ АПАРТМАНИ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ПОД КИРИЈА: Агенцијата за одземен имот добива нови можности

Агенцијата за одземен имот усвои правилник со кој непродадените конфискувани недвижности, меѓу нив и апартманите на Груевски, ќе може да се издаваат под закуп.

ЗАПЛЕНЕТИТЕ АПАРТМАНИ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ПОД КИРИЈА: Агенцијата за одземен имот добива нови можности

Агенцијата за управување со одземен имот ќе може да ги издава под закуп запленетите станови и апартмани поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски. Со ова се отвора можност недвижностите што се одземени со судски одлуки да се користат и да носат приходи, наместо да останат неискористени.

Нов правилник за издавање на конфискуваниот имот

Агенцијата за управување со одземен имот усвоила правилник со кој се отвора можност конфискуваните недвижности што не можат да се продадат да се издаваат под закуп. Според правилникот, имотот може да се издаде откако ќе остане непродаден и по третата продажба, а потребни се и соодветни правосилни одлуки и процена на неговата вредност.

Три луксузни апартмани на Груевски на Водно сè уште непродадени

Меѓу недвижностите што се нудат на продажба се и трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“ на Водно, одземени од поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за недвижности со вкупна површина од околу 750 квадратни метри, кои досега не биле продадени и за кои се подготвува нова, петта аукција.

Стан од 199 м² се нуди за 635.200 евра (претходно 847.000 евра).

Стан од 155 м² се продава за 569.662 евра (претходно 760.000 евра).

Стан од 200 м² се нуди за 638.000 евра (намалено за 212.000 евра).

извор и целата вест: фактор