Македонија

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ ЗА ИВА МИХАИЛОВА: „Немам видено пациентка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе“

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ ЗА ИВА МИХАИЛОВА: „Немам видено пациентка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе“

Владимир Трајковски, професор на Филозофскиот факултет кој предава предмет поврзан со медицинските основи на инвалидноста, реагираше на телевизиското појавување на Ива Михаилова. Во објава на социјалните мрежи, тој изјави дека во својата професионална кариера не сретнал пациентка со спастична параплегија која изгледа како Михаилова за време на гостувањето.

„Во целата своја кариера немам видено пациентка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе на ТВ како бегалката Ива Михаилова“, наведува Трајковски.

Тој посочува дека не знае какви знаци и симптоми имала Михајлова при прегледот на Клиниката за неврологија пред неколку месеци, но дека во телевизиското гостување не забележува знаци на оваа состојба. Неговата изјава се темели на лична процена од телевизиско појавување.