Македонија

УХМР СО ДОБРИ ВЕСТИ: Денес сончево и значително помирно време

По силното невреме, денес се очекува значително постабилно време. Според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

УХМР СО ДОБРИ ВЕСТИ: Денес сончево и значително помирно време

По силното невреме, денес се очекува значително постабилно време. Според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, а дневните од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 30 степени.