Македонија

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка, втора во краток период на професор од Правен

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од функцијата. Причините засега не се познати, а Судот ќе остане со седум судии.

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка, втора во краток период на професор од Правен

Гоце Наумовски

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од функцијата, но до Уставниот суд сè уште не била доставена официјална информација ниту од него ниту од Собранието. Потврда за оставката претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, добил во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Не присуствувал на седницата на Уставниот суд

Од Уставниот суд информирале дека Наумовски бил отсутен од денешната седница. Во институцијата до објавувањето на информацијата не пристигнало официјално известување за неговото повлекување од функцијата.

Засега не се познати причините поради кои Наумовски ја поднел оставката. Повеќе детали се очекуваат по официјалното известување од Собранието или од самиот судија.

На функцијата беше избран во февруари

По заминувањето на Гоце Наумовски, Уставниот суд ќе продолжи да функционира со седум судии. Наумовски беше избран за уставен судија во Собранието на 18 февруари 2026 година.

За неговиот избор гласаа 63 пратеници, седум беа против, а немаше воздржани. Постапката за констатирање на оставката треба да продолжи во Собранието.

Жан Митрев