Спорт

ВАРДАР ДЕНЕСКА БРКА ЧУДО ВО ФИНСКА: Реваншот против КуПС во директен пренос на „Арена Спорт“

Вардар денеска од 17 часот гостува кај КуПС и ќе се обиде да надомести негатива од 2:0. Реваншот ќе се пренесува на „Арена Спорт М1“.

ВАРДАР ДЕНЕСКА БРКА ЧУДО ВО ФИНСКА: Реваншот против КуПС во директен пренос на „Арена Спорт“

Вардар денеска го игра реваншот против фински КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот шампион во Финска ќе се обиде да ја надомести негативата од 2:0 од првиот натпревар одигран во Скопје.

Натпреварот започнува во 17 часот

Средбата е закажана со почеток во 17 часот, а љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да ја следат во директен пренос на „Арена Спорт М1“. Вардарци се пред тешка задача, но во Финска ќе се обидат да постигнат рано и повторно да ја вратат неизвесноста во двомечот.

Фабијани бара организиран и борбен Вардар

Тренерот Кристијан Фабијани ги има посакуваните фудбалери на располагање и сега има појасна слика за квалитетите на противникот. Тој нагласи дека сака да види промена во менталитетот, организирана игра и борба за секоја топка. Според него, Вардар на првиот натпревар играл добро до примениот гол, додека предност за КуПС е тоа што финскиот тим веќе се наоѓа во натпреварувачки ритам.

ОЗНАКИ: фк вардар