Спорт

ФК СКОПЈЕ СО ХУМАНИТАРЕН ПОТЕГ: приходот од билетите ќе бидат наменети за навивач кој боледува од рак

Приходот од билетите за натпреварот ФК Скопје – Вардар на 11 октомври ќе биде наменет за лекување на навивачот Пират Владо Рафаиловски-Ермон.

ФК СКОПЈЕ СО ХУМАНИТАРЕН ПОТЕГ: приходот од билетите ќе бидат наменети за навивач кој боледува од рак

Фудбалското дерби меѓу ФК Скопје и ФК Вардар, кое ќе се одигра утре, 11 октомври, ќе има и хуманитарен карактер. Целиот приход од продажбата на билетите ќе биде наменет за лекување на навивачот Пират Владо Рафаиловски-Ермон, кој боледува од рак на желудник. Натпреварот е закажан за 15 часот на стадионот „Автокоманда“, а од ФК Скопје упатија повик до навивачите да ја покажат својата хуманост.

Фудбалот во служба на хуманоста

Од клубот порачуваат дека овој викенд се игра за бодови, но пред сè за живот и солидарност. Навивачите се повикани да ги поддржат своите екипи од трибините, но и да придонесат за помош на нивниот сограѓанин во тешката животна битка. Секоја купена карта ќе биде придонес во хуманитарната акција.

ФК Скопје со повик за поддршка од трибините

„Заедно сме посилни, заедно можеме да помогнеме“, е пораката со која ФК Скопје ги повикува љубителите на фудбалот да се приклучат на иницијативата. Од клубот апелираат натпреварот да биде пример за спортски дух, солидарност и заедништво, а трибините да испратат силна порака на поддршка.