Македонија

ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА ПРОДОЛЖУВА ВО ГАЛИЧНИК: Денес се венчаваат Александар и Мартина

Во Галичник денеска се одржува „Галичка свадба 2026“. Александар Пендароски и Мартина Михајлова ќе се венчаат според вековните мијачки обичаи.

ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА ПРОДОЛЖУВА ВО ГАЛИЧНИК: Денес се венчаваат Александар и Мартина

Во Галичник денеска, на празникот Петровден, се одржува традиционалната културна манифестација „Галичка свадба 2026“. Годинешни младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова, кои пред бројните посетители ќе ги изведат автентичните свадбарски обичаи од мијачкиот крај.

ГАЛИЧКА СВАДБА – Продолжување на семејната традиција

Годинава се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. За младоженецот, учеството претставува продолжување на семејната приказна и силната поврзаност со Галичник, додека Мартина истакна дека е чест и привилегија да се биде дел од традиција што опстојува со векови.

Венчавање и традиционални свадбарски обичаи

Во текот на денот ќе бидат изведени обичаите „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“, „гледање низ прстен“ и „тргнување по невеста“. Венчавањето ќе се одржи во црквата „Св. Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со традиционалното испраќање на тапанџиите и зурлаџиите. За посетителите е воведен посебен сообраќаен режим, додека целата програма ќе може да се следи и во живо преку социјалните мрежи.