Спорт

(ВИДЕО) Арсенал ја полни касата: „Топчиите“ ја договорија најголемата продажба во историјата на клубот

Арсенал договори рекордна продажба на Габриел Мартинели во Ал-Хилал за околу 55,7 милиони фунти, најголем трансфер во историјата на клубот.

(ВИДЕО) Арсенал ја полни касата: „Топчиите“ ја договорија најголемата продажба во историјата на клубот

Заминува од Арсенал во Саудиска Арабија

Арсенал е пред реализација на рекордна продажба, откако Габриел Мартинели ќе го напушти клубот и ќе се пресели во саудискиот Ал-Хилал. За трансферот е договорена сума од околу 55,7 милиони фунти, односно приближно 65 милиони евра. Со тоа Бразилецот ќе стане најскапиот фудбалер што Арсенал го продал во својата историја. Досегашниот рекорд го држеше Алекс Окслејд-Чемберлен, кој во 2017 година премина во Ливерпул за околу 40 милиони фунти.

Голем прилив на средства за „топчиите“

Мартинели во Арсенал пристигна во 2019 година од Итуано за сума од околу шест милиони евра, па клубот сега ќе оствари значителна финансиска добивка од неговата продажба. Трансферот сè уште треба формално да биде завршен, бидејќи саудискиот преоден рок трае до 6 септември. Во исто време, Арсенал го договори и заминувањето на Габриел Жесус во Барселона за околу 8,6 милиони фунти, додека Фабио Виеира ќе продолжи во Хамбург.

ОЗНАКИ: Арсенал