Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА ФРЛИ 28 ТОНИ ВОДА: Три часа траеше борбата со пожарот на Пелистер
Хеликоптер Ми-8МТ на Армијата три часа гаснеше пожар на Пелистер и исфрли 28 тони вода врз активните жаришта кај Макази.

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен. Во акцијата учествуваше хеликоптер Ми-8МТ, кој реализираше тричасовен налет над активните жаришта.
Со 14 ведра гаснеа од воздух
За време на интервенцијата, хеликоптерот исфрли 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз погодените подрачја. Воздушната поддршка се одвиваше паралелно со гаснењето од земја, во координација со екипите кои беа ангажирани директно на терен.
Армијата останува во готовност
Воздухопловниот ВИНГ останува во целосна оперативна подготвеност за дополнителна воздушна поддршка, во зависност од развојот на состојбата и потребите на теренот. Надлежните служби продолжуваат со активностите за ставање на пожарот под контрола и спречување на негово понатамошно ширење.
View this post on Instagram
