Магазин

(ВИДЕО) Лазаревски го поведе навивањето на Комити

(ВИДЕО) Лазаревски го поведе навивањето на Комити

Вардар убедливо го совлада Пелистер со 31:23 во големото македонско ракометно дерби, одиграно во преполната сала „Јане Сандански“ во Скопје. Црвено-црните го добија првото дерби во сезоната, пред одлична атмосфера и полни трибини. Најефикасен во редовите на Вардар беше Љевар со седум погодоци, а по него следуваа Да Силва со шест и Фадуљ со четири гола. Кај Пелистер најрасположен беше Кузмановски, кој постигна девет погодоци. По последниот судиски свиреж следуваше големо славје на ракометарите на Вардар пред своите навивачи, Комити. Еден од милениците на навивачката група, Милан Лазаревски, го презеде микрофонот и го поведе навивањето на Комити, а победата беше прославена со заедничка песна на играчите и трибините.

Лазаревски го предводеше навивањето на Комити. Погледнете повеќе:

(ВИДЕО) ВАРДАР ГО ГО ДЕКЛАСИРА ПЕЛИСТЕР: „Црвено-црните“ славеа со убедливи 31:23 во дербито