Свет

(ВИДЕО) МАДРИД НА НОЗЕ: Илјадници шпанци протестираа против илегалната миграција

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид против илегалната миграција по масовниот прилив на мигранти во Сеута и зголемените тензии во градот.

(ВИДЕО) МАДРИД НА НОЗЕ: Илјадници шпанци протестираа против илегалната миграција

Масовен протест во Мадрид  по случувањата во Сеута

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Мадрид на протест против илегалната миграција, по масовниот прилив на мигранти кон шпанскиот град Сеута кон крајот на јули. Во градот со околу 80.000 жители пристигнаа десетици илјади Мароканци, при што најголем дел од нив подоцна беа вратени назад. Сепак, илјадници мигранти и натаму се наоѓаат во Сеута, што предизвика дополнителни тензии меѓу локалното население.

Страв и тензии поради инциденти

Жителите стравуваат поради пријавени напади во кампови, како и фрлање камења кон полициски патроли. Обвинителството води предмети поврзани со сексуални напади, меѓу кои има и случаи во кои жртви се малолетни девојчиња. Шпанската влада испрати дополнителни полициски сили и војници во Сеута, но дел од жителите и опозицијата сметаат дека реакцијата на властите била задоцнета.