Македонија

(ВИДЕО) НОВА ПРИЈАВА ПРОТИВ КРАТОВКАТА КОЈА ГО УЗУРПИРАШЕ ЛОКАЛИТЕТОТ „КУКЛИЦА“: Повторно била затекната и покрај судската забрана

И покрај судската забрана, С.Д.Б. повторно била затекната на локалитетот Куклица и на туристите им го попречувала пристапот.

(ВИДЕО) НОВА ПРИЈАВА ПРОТИВ КРАТОВКАТА КОЈА ГО УЗУРПИРАШЕ ЛОКАЛИТЕТОТ „КУКЛИЦА“: Повторно била затекната и покрај судската забрана

И покрај судската мерка со која ѝ е забрането да го посетува локалитетот „Камени Кукли“, познат како Куклица, С.Д.Б. повторно била затекната на местото. Според пријавите од посетители, таа им го попречувала пристапот на туристите до еден од најпознатите локалитети во Кратовско.

Полицијата најави нова пријава

Од СВР Куманово информираат дека Основниот суд во Кратово претходно определил мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за нејзино присуство на локалитетот. По новиот случај регистриран на 11 јули, полицијата најави дека по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Посетителите се жалеле на наплата, навреди и закани

Случајот со узурпацијата на локалитетот трае подолг период, а дел од посетителите тврделе дека од нив било барано да платат за влез. Во претходните пријави туристите наведувале и дека биле изложени на навреди и закани. Градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, неодамна информираше дека судот донел времена мерка со која С.Д.Б. и нејзиниот татко треба да се повлечат од локалитетот и да го предадат во владение на надлежните институции.