Македонија
Дознај прв
ВИСОКИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА „БЕЛАНОЦА“: Еден од осудените доби 20 години затвор
Тројца членови на криминалната група „Беланоца“ се осудени на затворски казни од 20, 11 и четири години за повеќе кривични дела.

Тројца членови на криминалната група „Беланоца“ се осудени на високи затворски казни за повеќе кривични дела. Еден од обвинетите добил казна затвор од 20 години, додека друг е осуден на 11 години поради злосторничко здружување поврзано со две убиства. Третиот обвинет добил четиригодишна затворска казна за кривичното дело изнуда.
Осудени за злосторничко здружување и изнуда
Случајот се поврзува со убиството на Орхан Бајрами – Оки, кој беше ликвидиран во јули 2023 година додека престојувал во Ханиоти, Грција. Обвинението се однесува и на пукањето на улицата „Пластичарска“ во Скопје во мај 2024 година, во кое животот го загуби 29-годишниот пејач и блогер Амар Исмани.
Продолжува судењето за други членови на групата
Судењето против Фатљум Ајети – Тоти, посочен како лидер на „Беланоца“, сè уште е во тек. Постапки се водат и против други лица поврзани со групата, кои се товарат за најмалку осум убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани и палење објекти и автомобили.
