Македонија

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ СЕ ЗАКАНУВА НА ПЕЛИСТЕР: Ангелов тврди дека огнот во Ресенско е подметнат

Пожар во Ресенско се шири кон Националниот парк „Пелистер“. Ангелов тврди дека пожарот е подметнат, а екипи се борат со огнената стихија.

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ СЕ ЗАКАНУВА НА ПЕЛИСТЕР: Ангелов тврди дека огнот во Ресенско е подметнат

Пожарот што избувнал во близина на Долна Бела Црква во Ресенско се шири кон Националниот парк „Пелистер“, поттикнат од силниот ветер. Огнот зафатил смрека, нискостеблеста шума и даб, а пожарот за кратко време се приближил до границите на националниот парк.

Огнот веќе навлегол во националниот парк Пелистер

Според директорот на НП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, пожарот навлегол во паркот во пределот меѓу подножјето на врвовите Вртушка и Малачука. На терен се екипи на НП „Пелистер“, ТППЕ Ресен и Битола, а дополнително е упатена и механизација од јавни претпријатија од Битола.

Ангелов: Пожарот е подметнат

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјавил дека на терен дејствуваат и „ер трактори“ со цел да се спречи понатамошното ширење на огнот. Тој посочил дека според досегашните сознанија пожарот е подметнат. Екипите продолжуваат со интервенцијата за да го стават пожарот под контрола и да спречат негово понатамошно ширење во Националниот парк „Пелистер“.