Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРВАЧИЊАТА ДА СИ ПОБАРААТ ОД РОДИТЕЛИТЕ БРАТЧЕ ИЛИ СЕСТРИЧЕ: Јаневска со порака за зголемување на наталитетот
Министерката Весна Јаневска со порака до првачињата да побараат братче или сестриче, предупредувајќи на намалувањето на бројот на ученици и потребата од зголемување на наталитетот.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска по повод почетокот на учебната година упати порака за подобрување на демографијата. Таа предупреди дека доколку продолжи намалувањето на бројот на ученици, во државата ќе продолжат да се затвораат училишта, особено во руралните средини.
„Можеби порака до првачињата: освен да бараат да стекнат знаење, можеби треба да бараат да стекнат братче или сестриче“, рече Јаневска при посетата на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.
Според неа, потребно е населението да стане свесно за значењето на човечкиот капитал и демографијата за државата. Јаневска претходно изјави дека бројот на првачиња е намален за речиси 3.000 во споредба со минатата година. Таа посочи дека во образованието се преземаат мерки за подобрување на условите за учење, со надеж дека тоа ќе ги охрабри родителите да имаат повеќе деца и да останат во Македонија. Освен Весна Јаневска која зборуваше за намалениот наталитет, за демографскиот пад како главна причина за намалувањето на бројот на ученици укажа и премиерот Христијан Мицкоски.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
