Свет

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ МЕКСИКО: Зградите силно се нишаа, опасноста од цунами е укината

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди јужниот брег на Мексико. Зградите силно се нишаа, а предупредувањето за цунами подоцна беше укинато.

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ МЕКСИКО: Зградите силно се нишаа, опасноста од цунами е укината

Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени го погоди јужниот брег на Мексико, во близина на границата со Гватемала. Потресот предизвика паника и евакуација на повеќе објекти, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како високите згради силно се нишаат.

Според Американскиот геолошки завод, епицентарот бил во близина на брегот на мексиканската сојузна држава Чијапас, на длабочина од околу 15 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Гватемала и Ел Салвадор, како и во повеќе делови од јужно Мексико.

Граѓаните во паника ги напуштале зградите

Во Гватемала Сити и во градовите во јужниот дел на Мексико, голем број граѓани излегле на улиците додека траело силното тресење. Властите ги активирале протоколите за итни ситуации и започнале проверки на зградите и инфраструктурата.

Регистрирани биле и повеќе последователни потреси, од кои некои достигнале магнитуда меѓу 5 и 6 степени. Според првичните информации, нема загинати ниту поголема материјална штета, но во јужниот дел на Мексико биле повредени две лица.

Опасноста од цунами е укината

Веднаш по земјотресот беше издадено предупредување за можни опасни бранови долж крајбрежјето на Мексико и Гватемала. Граѓаните беа повикани да не се приближуваат до плажите и крајбрежните области.

Подоцна опасноста од цунами беше укината, откако надлежните служби проценија дека нема ризик од поголеми и разорни бранови. Мексиканската морнарица претходно соопшти дека се можни промени на нивото на морето од околу половина метар.

ОЗНАКИ: земјотрес