Спорт

(ВИДЕО) СКОПЈАНИ МАСОВНО СЕ УПАТУВААТ КОН „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Вардар по четири години игра ракометна Лига на шампиони

Вардар вечерва од 18:45 часот го пречекува францускиот Нант во второто коло од елитното европско натпреварување.

(ВИДЕО) СКОПЈАНИ МАСОВНО СЕ УПАТУВААТ КОН „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Вардар по четири години игра ракометна Лига на шампиони

Голема поддршка за „Вардар “

По четири години пауза, Лигата на шампионите повторно се игра во СЦ „Јане Сандански“, а скопските навивачи масовно се упатуваат кон салата. Вардар вечерва од 18:45 часот го пречекува францускиот Нант во второто коло од елитното европско натпреварување. Ова е прв домашен натпревар на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите по четири години, што дополнително го зголемува интересот за дуелот. Атмосферата пред салата веќе се загрева, а навивачите пристигнуваат во голем број за да му дадат поддршка на тимот. Вардар по тесниот пораз од Мелсунген во првото коло, пред својата публика ќе ги бара првите бодови во новата сезона. Комити претходно порачаа „ќе падне Нант и секој гигант“, најавувајќи ја атмосферата која го очекува францускиот тим во Скопје.

ОЗНАКИ: рк Вардар
Жан Митрев