Македонија
Дознај прв
(ВО ЖИВО) СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ЗА 23 ОКТОМВРИ: „Свои на своето!“ во МНТ
Во МНТ се одржува свечена академија по повод 23 Октомври под мотото „Свои на своето“. Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски.

МНТ домаќин на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба
Во Македонскиот народен театар денеска се одржува свечена академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, под мотото „Свои на своето“. На настанот е најавено обраќање на премиерот Христијан Мицкоски. Празникот се одбележува во чест на основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година, што претставува значаен момент во организирањето на борбата за слобода и самостојност.
Празникот се одбележува со свечености и положување цвеќе
По повод празникот, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски ќе положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“. Во Собранието, во 11 часот, ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2026 година. Наградата за култура и уметност му се доделува на актерот Ѓорѓи Јолевски, а за наука на професорите Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс.
