Регион
Дознај прв
ВИДЕО – УАПСЕН ПОЛЈАК ВО МЕЃУГОРЈЕ: Запалил олтар и оштетил статуа на Богородица
Полицијата уапси 31-годишен Полјак осомничен дека запалил олтар, оштетил статуа на Богородица и испишал навредливи пораки во Меѓугорје.

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 31-годишен државјанин на Полска, осомничен дека оштетил статуа на Богородица и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје. Станува збор за едно од најпознатите католички поклонички места во Босна и Херцеговина и во светот. Осомничениот наводно испишал и навредливи пораки на статуите и на околните објекти.
Инцидентот го снимиле надзорните камери
На снимките од безбедносните камери се гледа моментот кога мажот истура запалива течност врз олтарот, по што го предизвикува пожарот. На повеќе места биле испишани пораки насочени против Меѓугорје, Богородица и лицата кои тврдат дека имале виденија. По инцидентот полицијата го идентификувала и го лишила од слобода осомничениот.
Пред девет години пешачел до Меѓугорје
Според медиумските информации, осомничениот е Бартоломе Краковјак од Варшава, кој пред девет години пешачел околу 1.300 километри до Меѓугорје. Своето духовно преобраќање го опишал во книга, а неговата животна приказна подоцна била прикажана и во полски документарен филм. Полицијата сè уште официјално не го потврдила неговиот идентитет, додека истрагата продолжува за да се утврдат мотивите и сите околности на инцидентот.
Nadzorna kamera snimila muškarca kako pali vanjski oltar Crkve svetog Jakova u Međugorju pic.twitter.com/y2cbZ72bdg
— RTV Herceg-Bosne (@rtvhercegbosne) July 28, 2026
