Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) УСЛОВИТЕ СЕ ВЛОШУВААТ, ЦЕНАТА РАСТЕ: Месечна карта Гостивар – Скопје достигна 8.000 денари, автобусот вози претоварен, а нема ни клима
Месечна карта константно поскапува, а автобусите, според сведоштвата на патници за редакцијата на 24часа, често се претоварени, па дел од луѓето стојат или седат на скаличките.

Поскапување на цената Гостивар – Скопје
Месечна карта Гостивар – Скопје достигна 8.000 денари, автобусот вози претоварен, а нема ни клима. Поскапувањето предизвикува незадоволство кај жителите на Гостивар. Цената претходно изнесувала 6.000 денари, минатата година била зголемена на 7.000, а сега достигна 8.000 денари.
Автобусот вози претоварен, а нема ни клима
Но, поскапувањето не е единствениот проблем со кој се соочуваат патниците. Автобусите, според сведоштвата на патници за редакцијата на 24часа, често се претоварени, па дел од луѓето стојат или седат на скаличките. Дополнителен проблем е што автобусите немаат клима, што патувањето го прави уште потешко, особено во топлите денови. Така, додека условите за превоз се влошуваат, цената на месечната карта продолжува да расте. За потсетување, на 3 август 2026 година автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар, при што патниците успеале навреме да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија.
Прашањата кои се отвораат е: Зошто постојано поскапува картата Гостивар – Скопје? Но веројатно, уште поважно прашање е: Ќе реагира ли некој за тоа што патниците стојат и седат на скалички, ќе реагира ли некој пред не дај боже да има нова трагедија?
View this post on Instagram
