Македонија

МВР ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ОТСТРАНИЛ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ: Полицијата извршила увид во Гостивар

МВР ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ОТСТРАНИЛ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ: Полицијата извршила увид во Гостивар

Полицијата трага по лицата кои го симнале и фрлиле македонското државно знаме од јарбол во центарот на Гостивар. На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа како едно лице го отстранува знамето, а потоа заедно со друго лице го тутка и го фрла на земја. Станува збор за знаме поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“.

Погледнете го тука видеото:

(ВИДЕО) ПОВТОРНО СКАНДАЛ ВО ГОСТИВАР: Искинато македонското знаме, реагира „Патриотско друштво“

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 27 ноември во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Полициска екипа извршила увид, а во тек се мерки за расчистување на настанот. Засега не е соопштен идентитетот на лицата кои се гледаат на снимката. Според медиумските информации, знамето во меѓувреме било вратено пред општинската зграда.

Жан Митрев