Хроника

ПОЧИН МОЈСО МОЈСОВСКИ: Генерации слушатели ќе го паметат неговиот глас

Почина Мојсо Мојсовски, познат новинар, уредник и водител на „Пладневниот радио весник“, кој остави белег во македонското новинарство.

ПОЧИН МОЈСО МОЈСОВСКИ: Генерации слушатели ќе го паметат неговиот глас

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник на Македонското радио, кој речиси целиот работен век го посвети на радиото и остави значаен белег во македонското новинарство. Роден е на 8 септември 1948 година во Скопје, а слушателите ќе го паметат по препознатливиот глас и долгогодишната работа во информативната редакција.

Мојсо  – уредник и водител на „Пладневниот радио весник“

Мојсовски беше уредник на дескот, како и уредник и водител на „Пладневниот радио весник“, една од најпрепознатливите информативни емисии на Македонското радио. Дел од својата кариера ја помина и во македонската редакција на „Дојче веле“. Во текот на професионалниот ангажман беше и ментор на многу генерации млади новинари, на кои им ги пренесуваше вредностите на професионалноста, точноста и одговорноста.

Автор и вљубеник во Скопје

Мојсовски беше голем вљубеник во Скопје и автор на неколку изданија посветени на градот, неговите улици, луѓе и спомени. Долги години беше активен и во Одборот на скопските бадникари. Со неговото заминување, македонското новинарство губи искусен професионалец, а генерации слушатели глас кој со години беше дел од нивното секојдневие.

Жан Митрев