Македонија
Дознај прв
ДВА ДЕНА ЈА ТЕПЕЛ СОПРУГОТ: Жена од Гостивар со тешки повреди примена во Ургентниот центар

Жена од Гостивар, која била брутално претепана од сопругот, е примена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со сериозни телесни повреди. Според информациите на „Слободен печат“, таа пред полицијата и лекарите изјавила дека сопругот ја тепал два дена. Жената била донесена со возило на Итната медицинска помош од Гостивар, а при приемот била слабо контактибилна. Имала повреди на главата и градниот кош, деформитети на лицето и хематом на устата. Лекарите ѝ вршеле дополнителни медицински испитувања, меѓу кои и компјутерска томографија на главата. Според раководителот на Ургентниот хируршки центар, настанот се случил претходниот ден, но бил пријавен дури денеска. Полицијата била известена и разговарала со повредената жена.
Извор: „Слободен печат“

