Македонија
Дознај прв
„ПОГРЕШНИ ВРЕДНОСТИ И СЛАБИ МАЖИЊА“: Адвокатот Јанаки со остра реакција за бруталното насилство врз гостиварчанката

Адвокатот Јанаки Митровски со остра реакција на социјалните мрежи по случајот со насилство врз 42-годишната жена од Гостивар, која во животно загрозувачка состојба била донесена на скопските клиники. Според првичните информации што ги споделува, жената два дена била тепана од сопругот, а се здобила со скршен череп и тешки повреди на лицето. Митровски прашува како општеството дошло до состојба во која насилството врз жените станува дел од секојдневната црна хроника.
ДВА ДЕНА ЈА ТЕПЕЛ СОПРУГОТ: Жена од Гостивар со тешки повреди примена во Ургентниот центар
Тој смета дека зад ваквите случаи стојат погрешни вредности, недостиг на соодветно воспитување и негативни влијанија од дигиталниот свет. Во објавата ја критикува и таканаречената „маносфера“, како и мажите кои се обидуваат да се претстават како „алфа мажјаци“. „Силен маж НЕ тепа жени“, порачува адвокатот, нагласувајќи дека вистинската сила е во љубовта, почитта и заштитата на семејството.

