Магазин

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: 40 дена молитва, смирение и духовна подготовка за Божик

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: 40 дена молитва, смирение и духовна подготовка за Божик

Денеска, 28 ноември, започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и претставува духовна подготовка за празникот Рождество Христово – Божик. Постот, познат и како Филипов пост, трае до Бадник, 6 јануари, а завршува со прославата на Божик на 7 јануари. Во овој период верниците се воздржуваат од месо, млеко и млечни производи и јајца, додека правилата за употреба на масло, вино и риба зависат од денот и црковниот календар.

КОГА ПОЧНУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ? Трае 40 дена, ова се правилата и календарот за постење

Црквата потсетува дека постот не подразбира само промена во исхраната, туку и духовно прочистување преку молитва, покајание, простување, смирение и добри дела. Начинот на постење треба да се приспособи на здравствената состојба и животните можности, по совет со свештеник. На истиот ден православната црква ги одбележува и Светите маченици Гуриј, Самон и Авив, кои според црковното предание пострадале за христијанската вера. Во народната традиција тие се почитуваат како заштитници на бракот и на луѓето што се наоѓаат во неволја.

Жан Митрев