Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) УТВРДЕН ИДЕНТИТЕТ НА ЛИЦЕТО КОЕ ПОСТАВИ ЗНАМЕ НА ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО ВО ТЕТОВО: Повикано е на разговор во присуство на родител
МВР го утврди идентитетот на лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово. Повикано е на разговор во присуство на родител.

Утврден е идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме постави албанско знаме на полициско возило во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи. По преземените мерки, полицијата го идентификувала лицето поврзано со настанот, кој предизвика реакции во јавноста.
Повикано на разговор во полициска станица
Од МВР информираат дека лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица. Целта е целосно расчистување и документирање на случајот, по што, како што наведуваат од полицијата, ќе следи соодветен поднесок.

