Регион

ТРИ ЧЕТВРТИНИ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА СЛОВЕНИЈА ИМААТ ЗАЛИХИ ЗА 72 ЧАСА: Само мал дел има подготвена торба за итни случаи

Анкета во Словенија покажува дека 75 проценти од граѓаните имаат тридневни залихи, но само 10 проценти имаат подготвена торба за итни случаи.

ТРИ ЧЕТВРТИНИ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА СЛОВЕНИЈА ИМААТ ЗАЛИХИ ЗА 72 ЧАСА: Само мал дел има подготвена торба за итни случаи

Околу три четвртини од жителите на Словенија имаат залихи од храна и пијалаци за најмалку три дена во случај на вонредна состојба, покажува анкета на Националниот институт за јавно здравје (NIJZ), спроведена меѓу 1.502 возрасни лица. Девет од 10 испитаници имаат фенерче или свеќи и комплет за прва помош, додека 61 процент располагаат со заштитни маски, средства за дезинфекција или сапун. Сепак, помалку од 40 проценти имаат доволно вода за готвење и лична хигиена за период од три дена.

Малкумина од Словенија имаат план за евакуација

Анкетата покажала дека само 20 проценти од испитаниците имаат план за евакуација, а 15 проценти се договориле со блиските како да одржуваат контакт во случај на несреќа. Уште помал е бројот на оние кои имаат подготвена торба за итно напуштање на домот – околу 10 проценти. Истражувањето покажало и дека жителите на руралните средини се подобро подготвени од оние во градовите.

Препорака за самостојни залихи од најмалку 72 часа

Од NIJZ потсетуваат дека Словенија во изминатите години се соочила со бури, поплави и други катастрофи, поради што е важно домаќинствата да имаат основни залихи и план за постапување. И Европската комисија препорачува граѓаните да бидат подготвени да се снабдуваат самостојно најмалку 72 часа во случај на вонредна состојба.

ОЗНАКИ: Словенија
Жан Митрев