Регион

СЛОВЕНИЈА ЗАБРАНИ ИСТАКНУВАЊЕ ПАЛЕСТИНСКИ И ЛГБТ-ЗНАМИЊА НА ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ: Новите правила ги опфаќаат сите симболи без законска основа

Словенечкиот парламент усвои закон со кој јавните институции нема да смеат да истакнуваат палестински, ЛГБТ и други симболи без законска основа.

СЛОВЕНИЈА ЗАБРАНИ ИСТАКНУВАЊЕ ПАЛЕСТИНСКИ И ЛГБТ-ЗНАМИЊА НА ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ: Новите правила ги опфаќаат сите симболи без законска основа

Парламентот на Словенија усвои законски измени со кои на јавните институции им се забранува истакнување знамиња и други симболи за кои не постои законска основа. Со одлуката, јавните власти повеќе нема да смеат да поставуваат симболи со кои се изразува солидарност со Палестина, ЛГБТ-заедницата и други општествени каузи. Измените, предложени од десничарската партија „Вистина“, беа усвоени на 20 ноември со поддршка на десничарската коалиција.

Забраната на ЛГБТ знамињата важи и за внатрешноста на институциите

Новите правила се однесуваат на симболите поставени на фасадите, но и во внатрешноста на јавните објекти. Законот не ги опфаќа само знамињата, туку и грбовите, натписите, транспарентите, паролите и другите видливи симболи. Според владата, целта е да се спречи јавните институции да се користат за изразување идеолошки, активистички или геополитички ставови.

Владата се повикува на политичка неутралност

Владата образложи дека измените треба да ја зајакнат политичката неутралност на институциите и да гарантираат дека тие ги претставуваат сите граѓани. Според образложението, со ова треба да се зголеми и довербата на јавноста во нивната непристрасност и законито работење. Контроверзноста особено се однесува на палестинското знаме и знамето со боите на виножитото, кои во изминатите години беа истакнувани на јавни објекти во Словенија.

ОЗНАКИ: Словенија
Жан Митрев