Македонија

ЈАНЕВ НА УВИД ВО ТАКТИЧКАТА ОБУКА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: 87 СЛУЖБЕНИЦИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НАРУШУВАЊА НА ЈАВНИОТ РЕД

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, изврши увид во седумдневната тактичка обука на 87 полицајци за справување со нарушувања на јавниот ред и мир.

ЈАНЕВ НА УВИД ВО ТАКТИЧКАТА ОБУКА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: 87 СЛУЖБЕНИЦИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НАРУШУВАЊА НА ЈАВНИОТ РЕД

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска изврши увид во реализацијата на седумдневната интензивна тактичка обука на втората група полициски службеници. Во обуката учествуваат 87 полицајци од осумте Сектори за внатрешни работи, а таа е наменета за справување со нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем. Јанев посочи дека по 18 години застој повторно се воспоставува континуиран систем на тактичка обука за полициските службеници од редовниот состав.

Обуката ја спроведуваат инструктори од специјалните полициски операции

Обуката се реализира под раководство на инструкторите од Одделот за специјални полициски операции и има цел да ја унапреди оперативната подготвеност, професионалноста и ефикасноста на полицијата. Јанев ја истакна дисциплината, посветеноста и мотивираноста на полициските службеници, оценувајќи дека континуираното вложување во обуката е важно за подобрување на полициските капацитети.

јанев

Јанев најави обука за сите полициски службеници

Според најавата на директорот на БЈБ, ова е само почеток, а обуката ќе продолжи да ги опфаќа сите полициски службеници од редовниот состав. Програмата ќе биде надополнета со нови тактички содржини, современа опрема и технологии, со цел полицијата да биде подготвена да одговори на различни безбедносни предизвици. „Нашата цел е јасна: професионална, ефикасна и подготвена полиција, способна да одговори на сите безбедносни предизвици и да биде сигурен партнер на граѓаните“, порача Јанев.

Жан Митрев