Свет

ДАНСКА СО ЗАБРАНА ЗА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО УЧИЛИШТАТА?!Новите правила треба да важат од 2027 година

Данска планира забрана за мобилни телефони и други интернет-уреди во училиштата од учебната 2027 година, како и блокирање несоодветни веб-страници.

ДАНСКА СО ЗАБРАНА ЗА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО УЧИЛИШТАТА?!Новите правила треба да важат од 2027 година

Данска планира да ги забрани мобилните телефони во основните и средните училишта, како и да воведе филтрирање на интернет-содржините на училишните мрежи. Новите мерки, според најавата на Министерството за образование, треба да почнат да се применуваат од новата учебна 2027 година. Забраната ќе ги опфати и другите приватни електронски уреди што имаат пристап до интернет.

Ќе се блокираат социјалните мрежи и сајтовите за игри

Покрај забраната за уредите, ќе бидат воведени филтри за блокирање веб-страници што немаат образовна или педагошка цел за време на наставата. Меѓу нив се социјалните мрежи, сајтовите за игри и онлајн продавниците, а секоја општина и училиште ќе одлучува кои страници ќе бидат блокирани. „Децата треба да можат да одат на училиште без постојано да бидат расеани од работи како што се социјалните мрежи, онлајн купувањето и играњето видео игри“, изјави министерот за образование Магнус Хеунике.

Слични забрани и во други земји покрај Данска 

Данска не е единствената земја што презема вакви мерки. Холандија, Јужна Кореја и Италија веќе ги забранија паметните телефони во училиштата поради загриженоста за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците. Полска и Чешка, пак, во јуни предложија воведување слични ограничувања.

ОЗНАКИ: Данска
Жан Митрев