Македонија

САД И ДАНСКА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ГРЕНЛАНД: Ќе биде потпишан следната недела во Њујорк

САД и Данска постигнаа договор за безбедноста на Гренланд. Потпишувањето е најавено за следната недела во Њујорк.

САД И ДАНСКА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ГРЕНЛАНД: Ќе биде потпишан следната недела во Њујорк

Договорот предвидува поголеми безбедносни права за САД

Соединетите Американски Држави и Данска постигнале договор за зајакнување на безбедноста на Гренланд и поширокиот регион на Арктикот и Северниот Атлантик. Според информации на Си-ен-ен, договорот на САД би им овозможил траен пристап, користење бази и права на прелети, додека би се ограничило военото присуство на земји кои не се членки на НАТО, меѓу кои Кина и Русија.

Потпишувањето најавено за следната недела

Данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, го поздравија договорот и истакнаа дека неговата цел е зајакнување на заедничката безбедност. Договорот се очекува да биде потпишан следната недела во Њујорк, во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, по што ќе треба да помине низ неопходните парламентарни процедури. Официјалниот текст сè уште не е објавен, па не се познати сите детали од договорот. Гренланд и понатаму останува дел од Кралството Данска, а според досегашните информации, договорот не го менува суверенитетот над островот.