Свет
Дознај прв
ДАНСКА ВОВЕДУВА ПОСТРОГ РЕД ВО УЧИЛИШТАТА: Наставниците ќе можат да физички да запрат немирни ученици
Данска предложи построги училишни правила: наставниците би можеле физички да задржат или отстранат ученик во одредени ситуации, со сила како последна мерка.

Данска воведува построги правила во училиштата, со кои на наставниците ќе им се овозможи физички да интервенираат во одредени ситуации. Мерката е насочена кон справување со недисциплина и инциденти во училишната средина.
Данската влада предложи законски измени со кои наставниците би добиле пошироки овластувања за физичка интервенција во училиштата. Предлогот е доставен до парламентот на 8 октомври, а предвидува интервенција во ситуации кога ученикот ја загрозува безбедноста или сериозно го нарушува одвивањето на наставата. Наставниците би можеле да го задржат ученикот или да го отстранат од училницата, доколку проблемот не може да се реши со разговор или поблаги мерки.
Физичката сила во Данска ќе биде последна мерка
Предложените правила предвидуваат физичка интервенција кога ученикот е насилен, претставува опасност за себе или за другите, уништува училишен инвентар или сериозно го попречува учењето. Употребата на сила ќе мора да биде пропорционална и да трае најкратко што е можно, а интервенциите ќе треба да се евидентираат и родителите да бидат известени. Владата нагласува дека измените не значат враќање на телесното казнување, кое во Данска е забрането од 1967 година.
