Регион

СЛОВЕНИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕВРОВИЗИЈА 2027: Финансиски проблеми ја спречуваат земјата да учествува

Словенија се повлекува од Евровизија 2027 поради ограничен буџет на јавниот сервис. Македонија се враќа, а Канада ќе дебитира на натпреварот.

СЛОВЕНИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕВРОВИЗИЈА 2027: Финансиски проблеми ја спречуваат земјата да учествува
PHOTO - Eurovision__news_

Словенија нема да учествува на Евровизија 2027, која според најавите ќе се одржи во Бугарија, поради финансиски ограничувања на националниот јавен сервис. Директорката на словенечката телевизија, Ксенија Хорват, посочила дека буџетот за следната година ќе биде ограничен и дека ќе мора да се намалуваат трошоците. Телевизијата се соочува со зголемени расходи за плати, електрична енергија и продукција, како и со намалени приходи од реклами.

Словенија повторно нема да настапи на Евровизија

Словенија не учествуваше ниту на Евровизија 2026, но тогаш причината беше политичка – бојкот поради учеството на Израел. Во бојкотот учествуваа и Шпанија, Ирска, Холандија и Исланд. Ирска и Холандија веќе најавија дека нема да настапат ниту на изданието во 2027 година.

Македонија се враќа на евровизиската сцена

Во меѓувреме, Македонија се враќа на Евровизија по четиригодишна пауза, додека Канада за првпат ќе учествува на натпреварот. Според најавите, Евровизија 2027 ќе се одржи од 11 до 15 мај во Бургас, Бугарија.

Жан Митрев