Македонија
Дознај прв
ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Приведен 46-годишен маж во Скопје
Во Народната канцеларија на претседателката во Скопје било пронајдено писмо со заканувачка содржина. Приведен е 46-годишен маж.

Во Народната канцеларија на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во центарот на Скопје било пронајдено писмо со заканувачка содржина. Полицијата привела 46-годишен маж со иницијали В.К., а по целосно документирање на случајот најавува кривична пријава. Писмото било пронајдено на 18 ноември во канцеларијата на улицата „Димитрија Чуповски“, по што случајот бил пријавен во СВР Скопје.
Полицијата го документира случајот
Од надлежните засега не соопштуваат што точно пишувало во писмото, ниту дали заканите биле директно упатени кон претседателката. Приведениот маж е на возраст од 46 години, а полицијата продолжува со постапувањето за целосно расчистување на случајот.
Најавена кривична пријава
По завршувањето на потребните проверки и документирањето на настанот, против В.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од полицијата.

