Македонија

116.400 РЕГИСТРИРАНИ КУЧИЊА ВО МАКЕДОНИЈА: Повеќето домашни миленици не се микрочипирани

Повеќе од половина од домашните кучиња во Македонија не се микрочипирани, а околу 80 отсто не се стерилизирани. Казната за нечипирање е 100 евра.

116.400 РЕГИСТРИРАНИ КУЧИЊА ВО МАКЕДОНИЈА: Повеќето домашни миленици не се микрочипирани

Во Македонија се регистрирани 116.400 кучиња, но повеќе од половина од домашните миленици не се микрочипирани, иако тоа е законска обврска за сопствениците. За непочитување на обврската е предвидена казна од 100 евра. Дополнителен проблем е што околу 80 отсто од сопственичките кучиња не се стерилизирани, што придонесува за неконтролирано размножување и зголемување на бројот на бездомни животни.

Во Скопје регистрирани над 37 илјади кучиња

Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Ветеринарно-информативниот систем се регистрирани вкупно 127.324 миленици, од кои 116.400 се кучиња. Во Скопје се евидентирани 37.049 кучиња. АХВ информира дека досега се спроведени 645 инспекциски надзори во областа на здравствената заштита на животните, при што се проверувало и дали милениците се микрочипирани. Сепак, од Агенцијата не соопштиле колку сопственици биле казнети за непочитување на оваа обврска.

Нечипираните кучиња не можат да примат вакцина против беснило

Од АХВ велат дека спроведуваат едукативни кампањи за одговорно сопствеништво, додека ветеринарите предупредуваат дека нечипираните животни не можат да ја добијат задолжителната вакцина против беснило. Стерилизацијата на домашните миленици засега не е законска обврска, иако се разгледуваат измени со кои би се регулирало ова прашање. Податоците на Факултетот за ветеринарна медицина покажуваат дека околу 80 отсто од сопственичките кучиња не се стерилизирани.

ОЗНАКИ: кучиња
Жан Митрев