Свет
Дознај прв
Владимир Путин жестоко му одговори на Зеленски: „Со терористи не преговараме“
Владимир Путин остро реагираше на најавите на Зеленски за руското воздушно пространство и порача дека Москва нема да преговара со терористи.

Москва најавува остар одговор
Рускиот претседател Владимир Путин остро реагираше на најавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека руското воздушно пространство ќе стане небезбедно поради зголемен број украински беспилотни летала. Путин порача дека Москва ќе ги прекине мировните контакти со Киев доколку биде загрозена безбедноста на цивилното воздухопловство. Тој изјавата на Зеленски ја оцени како можна најава за „државен тероризам“. Путин зборуваше пред новинарите по самитот на Шангајската организација за соработка.
Владимир Путин – „Никој не треба да се сомнева дека ќе одговориме“
Рускиот лидер ја поврза ситуацијата и со мировните преговори, посочувајќи дека Киев истовремено бара продолжување на разговорите и лични средби. „Со терористи не се преговара“, порача Путин, додавајќи дека Москва ќе најде начин да одговори доколку дојде до трагедии поврзани со цивилната авијација. Зеленски претходно ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и корисниците на руските аеродроми дека руското небо станува „целосно опасно“. Украинскиот претседател сепак нагласи дека Киев нема намера да ги загрозува цивилните авиони.
