Македонија
Дознај прв
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло, но попладне повторно можни дожд, грмежи и силен ветер
Времето денеска, 30 август, ќе биде сончево и топло со температури до 36 степени, но попладне се очекуваат локален дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето денеска, 30 август, ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. На места ќе има услови за појава на локална нестабилност, особено во попладневните часови, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 16 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 36 степени.
Во Скопје сончево и топло
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне околу 36 степени. И во главниот град во текот на денот ќе има услови за локална нестабилност.
Попладне можни пороен дожд и грмежи како вчера
Според прогнозата, локалната нестабилност може да донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер, иако поголем дел од денот ќе преовладува сончево и топло време. Температурите во поголем дел од земјата ќе бидат над 30 степени, со највисоки вредности до 36 степени. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при евентуална појава на невреме, особено во попладневните часови.
